В среда ќе ја имаме можноста да ја видиме последната супермесечина за оваа година, а истата вечер ќе имаме можност да го видиме и последниот метеорски дожд за 2016 година!
Метеорскиот дожд Геминид е еден од најсветлите и ќе трае од 12 до 15 декември, а својот врв и совпаѓањето со супермесечината ќе се случи на 14 декември.
Затоа, облечете се топло, влезете во автомобил со пријателите и направете супер забава под отворено небо, и имајте на ум дека што потемна локација одберете, толку подобро ќе ги видите овие чудесни природни феномени!