Во среда сите на Могила! Хуманитарен концерт за малиот Александар од Прилеп

8-годишниот Александар Николоски од Прилеп има потреба да се лекува во странство.

Александар треба да прима имуноглобулинска терапија еднаш во месецот , во рок од 6 месеци. Досега се направени 2 третмани кои се многу скапи, а семејството не може само да ги обезбеди потребните средства.

Само еден третман со имуноглобулинска терапија чини 6.000 евра.

Родителите на Александар ги замолуваат сите хумани граѓани да им помогнат во оваа борба за здравјето на нивното чедо.

Нивниот апел го слушнаа и музичарите кои организираат хуманитарна забава за малиот Александар.

На 14.07 (среда), на стадионот во паркот на “Могилата на непобедените” со почеток од 20:30ч, во организација на “Дрим тим од деца за деца” и “Касни порасни”, ќе се одржи хуманитарна забава на која ќе настапат:

The Hounds, Cyrillic, Филип Николоски, Гоце Чокио, Марија Јаковлеска, Балада Бенд, Александра Трајческа, ТАЈФАТА, Lockdown bend и The Dreamers.

Цените на влезниците изнесуваат 50денари, а информации можете да добиете на тел. бр. 078/500-764 (Елена).

Да направиме се’ за ова мало слатко ангелче да има нормален и здрав детски живот!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.