Во среда концерт на Октетот Прилеп

Октетот ,,Прилеп,, во среда – 18 јули 2018 година од 20.00 часот во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.

Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на „Свир, свири виолино“, „Дај ми љубов Трено“, „Се посврши Сербес Донка“, „Овој живот мој“..и други убави староградски песни, како и во настапот на оркестарот на октетот.

Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.