Во Северна Грција живеат Македонци и не треба да се срамиме од нив

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Делчево.

-Како што имало низ векови Македонци во Северна Грција, во Егејска Македонија има и денеска и месечината ги води секаде каде што се тие и во Пиринска и во Вардарска и во Егејска, значи како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кога го прашува премиерот на кој јазик говорат оние кои не се Грци во Северна Грција, а се Македонци, тој се срами или се плаши да го каже тоа, иако сите знаеме дека го зборуваме истиот јазик, рече Силјановска Давкова.

Таа потенцираше дека не е националист, но дека не може, а да не каже дека не се работи за дијаспора, како што е сега според уставот.

-Се работи за нивната татковина и кога е во прашање употребата на македонскиот јазик тогаш не е во прашање никакво мешање во внатрешните работи на Грција, затоа што постои рамковна конценција за заштита на правата на малцинствата и постои конценција за регионални и малцински јазици и таа важи за сите малцинства па и за македонското, рече од Делчево, Силјановска Давкова.

Таа од Делчево го осуди денешниот настан во Арачиново со новарите на тв 21 и додаде дека повеќе такви работи во Македонија не смее да се случуваат.

Извор: republika.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.