Во своето обраќање, Путин ја спомна и Македонија (Видео)

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин синоќа потпиша декрет со кој Русија ја призна независноста на сепаратистичките региони во Украина, Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.

„Ситуацијата во Донбас повторно стана критична и директно ви се обраќам, не само да ја проценам ситуацијата, туку и да ја информирам јавноста за одлуките што ги донесовме и за можните понатамошни чекори“, посочи тој.

„Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде“, рече Путин во ТВ-обраќањето.

„Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 1920-тите. Таа земја беше оштетена од распадот на СССР“, додаде тој.

„Украинските олигарси не се грижат за народот, тие им служат на геополитичките интереси на Западот“, рече Путин, додавајќи дека „Украина не успеа да развие стабилна државност“.

„Украина е сведена на статус на колонија со која владее марионетски режим“, рече Путин.

Путин ги нарече „Пуч“ настаните од 2014 година, кога Украинците го соборија прорускиот претседател.

Путин во обраќањето ја спомена и Македонија , која заедно со Црна Гора неодамна стана членка на НАТО и со тоа Алијансата се приближува кон границата со Русија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.