Во сабота пред Градскиот Саат во Прилеп шесто издание на манифестацијата “Млеко 2024” – Староградска музика, прозиводи од повеќе производители

Оваа сабота (14 септември) сите што го сакаат сирењето и млечните производи имаат можност да уживаат во квалитетни дегустации и притоа да дознаат интересни работи за овој прехрамбен продукт.

Цел ден: од 10.00 до 18.00 ч. во Прилеп, поконкретно, на платото кај Саат Кула, ќе се случува шестото издание на манифестацијата „Млеко 2024: Предизвици во сточарството“, настан кој со својата интересна програма ќе привлече разновидна публика.

Целта на настанот е да биде интерактивен и да привлече разновидна публика: ќе присуствуваат млекари, сточари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти од здруженија и сите што сакаат да им се слушне гласот, да презентираат и да уживаат во различноста на вкусовите.

Музичкиот дел е резервиран за староградска музика што градот под Марковите кули ја негува со многу љубов и за која се задолжени „Романса“ и женскиот хор „Орхидеја“.

Добрата дружба и создавање на трајни конекции се подразбираат. Прилеп ве очекува со многу љубов!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.