Во моменти кога фудбалскиот миленик на прилепчани се наоѓа во незавидна позиција, без сериозни спонзорства и без квалитетни засилувања, можностите се само да се избори опстанок во Втората фудбалска лига.
Но, како што најавивме пред неколку месеци, се чини дека на агонијата се гледа крајот. Светло на крајот од тунелот се новите акционери кои во моментов работат на примопредавање на сопственичката структура во клубот.
Пред согледувањето на можностите и капацитетите на клубот и пред донесување на долгорочен план, новите акционери донесоа одлука средствата од продажбата на билети за престојниот натпревар помеѓу Победа и Башкими, да бидат наменети за помош на семејствата на жртвите и повредените од трагичниот настан во Кочани.
Натпреварот се игра во сабота (29.03.) со почеток од 15:00 часот, а билетите веќе се во продажба по цена од 100 денари.Истите можат да се купат од штандот на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.
Да покажеме хуманост и сплотеност, во сабота да го исполнеме градскиот стадион “Гоце Делчев” до максимум!