Во сабота Битола домаќин на 15-тиот Меѓународен боксерски турнир „Битолски Победник“

Во сабота, со почеток во 16 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе се одржи 15-тиот меѓународен боксерски турнир „Битолски Победник“.

На овој спортски настан ќе учествуваат боксерски екипи од Македонија и од земјите на Балканот, меѓу кои и нашите битолски шампиони од клубот „Пелистерски Јунак“, носители на златен и сребрен медал од Отвореното балканско првенство во Босна и Херцеговина.

Со ваквите спортски успеси уште еднаш се потврдува потребата од создавање подобри услови за развој на боксот во нашиот град. Затоа, во тек е изградбата на новата боксерска сала, која ќе обезбеди современи услови за тренинг и натпревари на младите битолски боксери.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.