Во Прилеп синоќа се пиело, па се возело – казнети 17 возачи под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер (01/02.09.2023) во периодот од 20.00 до 04.00 часот на подрачјето на Прилеп спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 17 возачи . За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.