Продолжува осовременувањето на општина Кавадарци, каде општинските власти се во тек со модерното живеење во градска средина. Ако во Прилеп и во други општини низ државата, се’ уште проблем се неисчистени шахти и сливници по улиците, во градот од Тиквешијата ваквите проблеми се одамна надминати, а сега општината вложува во модерни сообраќајни решенија, меѓу нив е и поставување на светилки на пешачките премини.
-Се поставуваат смарт светилки пред пешачките премини на ул. „Илинденска“, на спојот со ул. „Партизанска“, со цел зголемена видливост и поголема безбедност на пешаците. Денеска се поставени 12 светилки. Доколку се покажат како ефикасни, во наредниот период ќе бидат поставени и на други улици на територија на Кавадарци – напиша на ФБ градоначалникот на општината, Митко Јанчев.


























