Во Прилеп се одржа 8-от училишен натпревар во борење – Младите борачи прикажаа одлични борби (ФОТО)

Во организација на Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп, денеска во спортската сала на ООУ “Гоце Делчев” се одржа осмиот по ред меѓуучилишен натпревар, на кој учество зедоја млади борачи од речиси сите основни училишта во Прилеп.

Борачите прикажаа одлични борби, а најдобрите добија и дипломи. Натпреварот го посети и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, на кого организаторите му доделија Благодарница за поддршката на прилепското борење.

Овој натпревар е загревање за тоа што ги чека борачите на “7-ми Мај” Прилеп пред крајот на есенската сезона на натпревари. Утре женската екипа патува на силен турнир во Белград, а машките борачи ќе заминат за Петрич, Бугарија.

Се надеваме дека како и секогаш одново ќе не’ израдуваат со нови успеси и медали. Да им посакаме среќен пат и успешно претставување на борилиштата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.