Могилата на непобедените, викендов ќе биде претесна да ги собере сите обожаватели на кучиња. Градот под Марковите кули е домаќин на 18-та Меѓународна изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ 2017“, во организација на Кинолошкото друштво од Прилеп. Оваа година оваа изложба ќе трае два дена.
„Согласно традицијата на оваа изложба имаме пријавено 300 кучиња од над 20 земјии кои се присутни на овогодинешната манифестација“, посочи Панче Дамески претседател на Кинолошкото друштво од Прилеп.
Градоначалникот Марјан Ристески им посака добредојде на гостите и многу среќа на најдобрите, воедно посочи дека оваа манифестација има традиционален карактер, а воедно и економски бенифит за градот.
На овогодинешната манифестација организаторите посочија дека имаат гости од Србија, Бугарија, Грција, Русија, како и од цела Македонија.
Одзивот и годинава беше голем и според коментарите на присутните, во пријатна релаксирана атмосфера учесниците на манифестациите ќе поминат убав и богат кинолошки викенд во Прилеп.