По повод Денот на револуционерната борба во просториите на новата спортска сала во ООУ „Добре Јованоски“ беше оддржано државно првенство во џудо за млади во организација на ЏК „Бушидо“ – Прилеп.
Технички Џ.К.Бушидо-Прилеп направи се за да беспрекорно биде реализирано ова државно џудо првенство и тоа: обезбеди спортска сала, обезбеди две борилишта 4X4 со три заштитни зони, исто така го подигна квалитетот на ова државно првенство како реализационо така и медиумски, учествувајки на повеќе локални медиуми, а исто така и на национален медиум, каде беше презентирано Џудото ….Покрај другото беа поставени 10 билборди низ местото каде ќе се случува настанот.
Самото државно првенство се одвиваше во фер и коректна борба без никакви инциденти, како надвор така и внатре на местото каде беше и одржано.
Од страна на Џ.К. “Бушидо” беа обезбедени 140 медали за сите натпреварувачки категории.
“Искрено жалам што некои клубови не најдоја сила и разбирање за пријавување на своите такмичари за ова Државно првенство и ги осакатија сопствените членови да ги покажат своите вештини на борилиштето.
Благодарност до 11 клубови од Р.Македонија кои учествуваа на ова Државно првенство и голема благодарност од нас како клуб до сите вас за укажаната доверба за реализација на истиот настан”, истакна Рубин Пеески, тренер на ЏК “Бушидо”-Прилеп.
Клубот се пофали и со освоени медали на ова државно првенство, па поединечно се освоени следните резултати:
1.Елеонора Илиоска -2007 -2 место
2.Мартина Јанкоска -2005 -2 место
3.Кристијан Магероски -2006 -2 место
4.Наумоски Христијан -2004 -2 место
5.Филип Попоски -2004 -2 место
6.Миле Грижоски-2004-3 место
7.Петар Јанкоски-2001-4 место
8.Емануел Алиоски-2000-5 место