Во Прилеп се одржа државното првенство за младинци во пинг понг

Во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ денеска во Прилеп се одржа државното првенство за младинци во пинг понг. На првенството учествуваа 50 натпреварувачи од 12 клубoви од Македонија. Првенството го отвори градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

_MG_4509

„Денеска во Прилеп се одржа 25-тото првенство во Македонија во пинг понг за младинци и младинки. Прилеп како пингпонгарски град по долго време е повторно домаќин на едно вакво првенство, а организацијата поминува во најдобар ред. 50 натпреварувачи од скоро сите поголеми градови во Македонија ќе се борат за тоа кој ќе биде најдобар“, истакна Златко Рикалоски, потпретседател на пинг понг федерација на Македонија.

_MG_4657

Организатор на ова првенство беше пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ од Прилеп.

„Ни претставува особено задоволство што после долго време повторно сме домаќини на еден вака голем настан. Како град отсекогаш сме имале традиција за овој спорт, се постигнувале одлични резултати и ова е иницијална каписла за уште помасовно популаризирање на пинг понгот. Од 8 клубови во првата македонска лига, два се од Прилеп, самото тоа кажува колку овој спорт е развиен кај нас. И се надевам дека во иднина ќе имаме се повеќе млади деца кои ќе се занимаваат со овој спорт и кои во иднина би постигнале добри резултати и на меѓународна сцена“, изјави Марјан Матракоски, претседател на пингпонгарски клуб „Младост 96“ од Прилеп.

_MG_4658

Градоначалникот Ристески рече дека Прилеп е град со голема традиција кога станува за овој спорт и на сите учесници им посака и во иднина да постигнуваат уште многу добри резултати.

„Прилеп скоро секоја недела организира некој државен или меѓународен натпревар во некој спорт. Денес организатор на ова државно првенство е нашиот клуб „Младост 96“. Пинг понгот е спорт со традиција во Македонија, а особено во Прилеп кој е и шампионски град. Се надевам дека сите љубители на пинг понгот денеска уживаа во натпреварите, има доста таленти тука присутни во Прилеп кои во иднина би можеле да станат и наши репрезентативци и би ја претставувале Македонија и на меѓународен план. Оваа спортска инфраструктура која се изгради во Прилеп во последниве неколку години овозможува организација на вакви државни и меѓународни првенства и развој на спортот воопшто“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_4673

Инаку изградбата на новите спортски сали, терените за фудбал со вештачка трева, новите стадиони, повеќенаменските игралишта, тениските игралишта и другите објекти од ваков карактер го направија Прилеп еден од градовите со најдобра спортска инфраструктура во Македонија.

_MG_4511

_MG_4525

_MG_4617

_MG_4689

_MG_4746




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.