Во Прилеп се одржа Дисеминација на Еразмус+ проектот ChemDM – Chemical Dancing Models (Хемиски танцувачки модели)

На 26.10.2023 година во просториите на ресторан Центар во Прилеп од 12:00 до 13:30 часотсе одржа дисеминација на проектот ChemDM – Chemical Dancing Models (Хемиски танцувачки модели) во рамките на ERASMUS + програмата, финансиски поддржан од Европската Унија и менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми со мобилност од 01-11-2021 до 01-11-2023 год. во рок од 24 месеци.

Дисеминацијата беше организирана и спроведена од страна на професорите кои беа вклученни во проектниот тим, Ружа Ангелеска – професор по хемија, Христина Манческа – професор по хемија, Кети Ефремоска Наумоска –професор по англиски јазик, воедно и локален координатор на проектот, со поддршка на директоката на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, Весна Михаиловска.

На настанот беа поканети и присутни гости, директори и наставници од сите локалниосновнни и средни училишта од Прилеп, како професори по хемија и биологија од ОСМУ„Д-р.Јован Калаузи“ од Битола и СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, претставници од подрачно одделение на Бирото за развој на образованието и претставнинци од локалната самоуправа.

Истовремено настанот беше следен виртуелно преку програмата „Zoom“ од страна на гости од ПМФ-институт за хемија Скопје и професори по хемија од други градови кои не беа во можност физички да присуствуваат.

На дисеминацијата присутните беа запознати со основните информации за проектот, за партнер училиштата од земјите учесннички и мотивот,идејата, целите како и чекорите на имплементација за овој проект.

Главната цел на овој проект беше дигитално трансформирање на образовните методи и содржини во четирите средни училишта кои учествуваат во проектот преку креирање и имплементација на нова наставна програма во наставниот процес со која ќе се развиваат дигитални вештини и компетенции на наставниот кадар и на учениците, на присутните им беше поделен примерок од настваната програма со прирачник во печатена форма и УСБ-стик. во електронска форма, со надеж дека програмава и прирачникот ќе најдат свое место во подобрување на методите за совладување на содржините по хемија, биохемија и други природни науки во овој виртуелен свет, а воедно ќе го поттикнат БРО, МОН и сите засегнати структури, за понатамошно усовршување на програмите, и нивна имплементација за почеток како факултативен предмет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.