Во Прилеп се одржа ГРАНД ПРИ турнирот во забрзан шах “Пелагонија 2023” (ФОТО)

На шаховскиот рапид турнир “Пелагонија-ГРАНД ПРИ 4”, кој вчера се одржа во Прилеп, настапија 52 играчи од повеќе општини од Македонија: Прилеп, Охрид, Гевгелија, Битола, Кривогаштани, Струмица, Долнени и Крушево.

По голема борба и неизвесност до последните моменти, победи Горан Готовуша од ШК “Пелагон” Прилеп, пред Марјан Христовски од ШК “Штајниц” oд Битола и Тони Кироски од ШК “Прилеп”, кои го поделија второто место.

На делба на четвртото место се пласираа прилепчаните Дејан Ѓорѓиески и Кире Николоски. Покрај петте најдобро пласирани, награди освоија и Константин Лушески од ШК “Ласкер” oд Охрид за најдобар млад играч, Исмаил Ахмеди, за најдобар играч над 50 години, како и Јустина Дутка, за најдобро пласиран женски натпреварувач.

-Со ова почнува серијата на турнири кои ќе се организираат во Пелагонискиот регион, кој е моментално најактивен шаховски центар во Македонија. Наскоро објава на нов шаховски настан – напиша на Фејсбук Претседателот на Шаховскиот клуб “Прилеп”, Тони Кироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.