За прв пат во регионот на општиноте Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кривогаштани и Долнени е регистрирано Регионално географско Здружение.
На големо задоволство на сите професори по географија во основните и средните училишта од регионот на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кривогаштани и Доленени, за прв пат е регистрирано Регионално географско Здружение кое е од огромно значење за нас географите, предметот географија и географијата како наука. Со ова здрушение ќе му се овозможи подобра комуникација и едукација на географичарите од регионот, ќе му се поедностави соработката и работата на наставниците и професорите по географија во средните и основните училишта, ќе му се увреднат работата и трудот на наставниците и професорите, а исто така ќе се постигне поголема популаризација на предметот географија.
Иницијативата за основање на ова Здружение започна пред неколку месеци, кога се собравме поголема група колеги од неколку основни и средни училишта. Здружениете е именувано по името на еден од најголемите и најзаслужните географичари за развојот на географијата, а посебно социо – географијата во Република Македонија, Проф. Д- р. Митко Панов. На отворањето на здружението присуствуваше Проф. Д-р. Никола Панов, син на Проф. Д-р Митко Панов, исто така професор на факултетот по Географија при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, како и други универзитетски професори и професори од средните и основните училишта во регионот”, истакна Милан Јаковоски Претседател на новоформираното Здружение и професор по географија во ООУ “Кире Гаврилоски-Jaне”.