Во Прилеп пpиcтигна нов моден бpeнд: Започнyва целocна модна тpaнcфopмациja на машката попyлациja (Фото галерија)

Вистинската класа не секогаш значи луксуз и не секогаш е потребен длабок џеб за да се постигне. За тој што знае како, потребна му е само добра креативност и визија за да ја добие, а во случајов и да ја понуди на сите останати.

Веќе ви најавивме дека вистинската класа пристигна во Прилеп, и тоа во строгиот центар, на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, на ачик место што би рекле прилепчани.

Новиот бутик за машка облека Lussio Store е токму тоа, место каде отсега ќе заблеска секој припадник на посилниот пол, а еден млад прилепчанец ќе биде главниот “виновник” за новата модна трансформација на машката популација во градот под Марковите Кули.

Неговото име е Мартин Рутески, наш сограѓанин кој вложи огромна љубов во овие четири ѕида и внатре пред се ги реализираше сите свои креативни замисли. И мораше да биде така. Како инаку би се вклопиле сите овие уникатни и единствено тука достапни машки одела?

Се работи за нов моден бренд кој специјално и единствено се шие за овој бутик, па не очекувајте нешто слично да најдете на друго место. Lussio Store е нова модна приказна која ќе воведе нови трендови на облекување и нов стандард за тоа што е убаво.

Младиот сопственик веќе има една успешна приказна зад себе со бутикот “Скандал”, што значително ќе му помогне успешно да чекори и во овој нов деловен предизвик.

Нам ни истакна дека во овој нов современ и стилски уреден простор, ќе се потруди да понуди облека по сечиј вкус и по цени пристапни за најголем дел од машката популација.

“Вложив големо трпение, многу љубов и внесов голема енергија во ова место. Сакав да направам нешто пред се’ ново и несекојдневно и да создадам место каде секој ќе се чувствува добредојден и ќе ужива додека ги разгледува, пробува и купува нашите модни парчиња. Се надевам ќе го постигнеме сето тоа”, вели Мартин.

На крајот уште да му посакаме среќа и многу, многу задоволни и среќни муштерии. И не се сомневаме дека ќе биде така. Знаеејќи го Мартин и неговата отвореност и љубезност, успехот ќе биде загарантиран.

А дел од вас ако не ни верувате, тогаш посетете го Lussio Store уште денеска и уверете се самите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.