Синоќа, 29.09.2023 во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков”во Прилеп, беше отворена изложбата “Копнежот на светлината” од Душан Коцев.
Уметникот кој одбележува 30 години уметничко творештво се претставува со 22 дела. На отворањето Коцев рече:
“Моите дела се приказна на светлината и мракот, одраз на патот што го изминуваме во борба со светлината. Тие ни ја прикажуваат тежината на борбата, но ја подигнуваат светлината на надежта што несомнено се наоѓа во секој аспект на човековиот живот.Делата не потсетуваат дека светлината никогаш не избледува…Делата се доказ дека светлината може да биде најсилната креативна сила способна да ги осветли и најдлобоките аглови на човечката душа и да ни помогне да ја победиме темнината”.
Душан Коцев е роден во Радовиш. Годинава полно 30 години активно уметничко творештво. Досега реализирал пет самостојни изложба, а бил учесник на групни изложби во земјата и во странство. Осум години е организатор на Радовишката ликовна колонија.