По повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври „Денот на македонската револуционерна борба“, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп положи свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев, Ѓорче Петров, на Могилата на непобедените и на гробот на Методија Патчев во Кадино село. На истите локации по повод 23 Октомври свежо цвеќе положија и претставници од останатите политички структури, Сојуз на борци и група на граѓани.