Во Прилеп одбележан 17 март – Денот на крводарителството во Македонија

Златко Димоски од Прилеп има дарувано крв 90 пати. Тој е еден од крводарителите во Прилеп кои досега најмногу пати дарувале од оваа скапоцена течност, а воедно тој е и претседател на Црвениот крст кој функцинира во рамките на А.Д. Тутунски Комбинат Прилеп. Вели дека крводарителствито има долга традиција во Прилеп. Заедно со уште околу 30-тина крводарители Димоски денеска учествуваше на пригодната свеченост која секоја година, традиционално, се организира во Општина Прилеп по повод 17 март, денот на крводарителството во Македонија.

_MG_1212

„Сакам на сите крводарители и граѓани да им го честитам денешниот ден, да им посакам многу здравје и среќа. Исто така, како најактивно друштво во Прилеп, сакам да го поздравам нашето збратимено крводарителско друштво од Крагуевац, со кого имаме соработката веќе 20 години и по тој повод заедно со нив на 7, 8 и 9 април ќе имаме дружење тука кај нас како и секоја година. Моментално нашето друштово брои 115 членови, од кои активни се од 80 до 90 членови, кои се појавуваат на сите организирани акции“, изјави Златко Димоски, крводарител.

_MG_1153

Крводарителите кои денеска беа присутни во големата општинска сала во локалната самоуправа на Прилеп рекоа дека дарувањето на крв е една од најхуманите активности кои еден човек може да ги направи.

„Јас имам дарувано 50 пати крв досега. Започнав со дарување крв уште како ученик, па продолжив со тоа кога служев војска и потоа и кога се вработив. Сакам да дарувам крв бидејќи тоа е една хумана активност, се спасува живот, можеби и на нас некогаш ќе ни затреба крв и затоа сум крводарител“, кажа Ѓорѓи Наумоски, крводарител.

_MG_1142

„За прв пат започнав да давам крв кога бев во војска. Започнав да давам крв бидејќи кога бев дете ја скршив ногата и тогаш и мене ми беше потребна крв, затоа се одлучив во текот на животот и јас да станам крводарител, сакав и јас да спасам некого како што мене ми го спасиле животот. Досега имам дарувано крв 50 пати“, истакна Мухарем Јашароски, крводарител.

„Започнав да давам крв на мои 17 години, досега имам дадено 30 пати, мислам дека е добро секој граѓанин од нашиот град да дава крв, бидејќи тоа е најскапоцената течност и посакувам граѓаните да се стимулираат и што е можно повеќе да се вклучат во ваквите акции“, рече Гоце Јагриноски, крводарител.

_MG_1158

 

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, на сите крводарители им подели признанија и плакети.

„Традицонално на 17 март на денот на крводарителите локалната самоуправа на Прилеп во соработка со Црвениот крст на град Прилеп доделуваат плакети и благодарници за сите крводарители кои јубилејно дарувале најмногу крв. Прилеп е еден од најхуманите градови кога станува збор за крводарителството, во нашиот град има неколку илјади крводарители. Дарувањето на крв значи спасување на живот и тоа е најхуманото нешто што еден човек може да го направи. Ги поттикнувам сите граѓани да организираат што е можно повеќе крводарителски акции бидејќи освен што со тоа се помага да се спаси животот на некого, самото дарување на крв е добро и за организмот и здравјето на крводарителот. Ние имаме одлична соработка со Црвениот крст, со крводарителите и сите НВО кои ја опфаќаат оваа проблематика и секогаш го поттикнуваме крводарувањето да биде на што е можно повисоко ниво“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_1168

„Им го честитам денешнот празник на крводарителите во Прилеп, 17 март. По тој повод денеска ќе поделиме 8 признанија за 50 пати дарувана крв, и 18 признанија за 25 пати дадена крв. Во Прилеп има околу 3.000 крводарители“, истакна Слободанка Стојкоска, Црвен крст на град Прилеп.

_MG_1160

Крводарителите истакнаа дека и понатаму ќе организираат што е можно повеќе крводарителски акции за да се спасат што е можно повеќе животи.

_MG_1164

_MG_1173




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.