Во Прилеп одбележан 1. Август – Денот на сеќавањето (ФОТО)

На Германските гробишта во Прилеп, со панихида и со полагање на цвеќиња на спомен рускиот крст, делегација од Амбасадата на Руската федерација, предводена од Н.Е. Сергеј Баздникин, амбасадор, на претставници од општина Прилеп, од Македонско руско друштво Прилеп и од Сојузот на македонско руски друштва на Македонија, беше одбележан 1 Август – Денот на сеќавањето.

Пред присутните се обрати амбасадорот Сергеј Баздникин, кој посочи дека одбележувањето на Денот на сеќавањето е по десетти пат, откако е поставено спомен обележјето и дека крвавиот конфликт во Првата светска војна одезел животи на осум милиони војници.

-Војниците покажае одважност и храброст. Пет илјади руски војници загинале во битките на македонската земја. Десет од нив се погребани на овие гробишта. Вечна им слава. Се свртуваме кон историјата од Првата светска војна да потсетиме на тоа колку разорни се поделбите на алијанси и од политиката на конфронтација – рече рускиот амбасадор.

Баздникин посочи дека Русија цврсто ќе ги брани своите интереси и ќе направи се за сигурно обезбедување на безбедност, вклучително и за сојузниците, за заштита на легитимните права на руските граѓани и сонародници.

– Позицијата на Русија е отворена и позитивна – активно учествуваме во формирањето на фер мултиполарен свет со еднакви права и можности за сите цивилизации, заснован на принципот на доверба, неделлива безбедност и разгледување на меѓусебните интереси, изнесуваме релевантни предлози, вклучително и иницијативата на Путин за создавање на еконтинентална архитектура на безбедност во евроазискиот простор. Стремежот кон мир и конструктивна соработка меѓу државите да биде врз взамна рамноправност и почитување, немешање во внатрешните работи, што е карактеристика на руската надворешна политика – истакна Баздникин, потенцирајќи дека интеракцијата меѓу Македонија и Русија денес е пред големи предизвици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.