Во Прилеп одбележан празвославниот празник Св. Архангел Михаил

_mg_2520

Денеска во Прилеп православните верници го одбележуваат празникот Св. Архангел Михаил. Делегација на општина Прилеп го посети манастирот Свети Архангел Михаил, во населбата Варош, кој денеска го одбележува својот патрон празник, односно славата на манастирот.

_mg_2518

Неодамна овој манастир доби и нов конак на источниот дел од комплексот кој треба да биде наменет за посетители и туристи.

_mg_2514

За развој на манастирскиот туризам, кој полека станува препознатлив бренд за Прилеп, беа изградени и асфалтни патишта до манастирите Зрзе и Трескавец, а во манастирскиот комплекс Зрзе беа изградени и нови конаци. Конаците во манастирот Трескавец се во тек на градба, а во овој манастир се работи и на подготовка на проектот за реконструкција на црквата, старата трпезарија, магерницата и магерничкиот конак.

_mg_2525

_mg_2540

_mg_2537

_mg_2535

_mg_2530

_mg_2542




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.