По повод примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост, 11 Ноември, заедно со претставници на амбасадите и амбасадорите на Република Франција и Сојузна Република Германија во Македонија, на Германските гробишта во Прилеп, денеска градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Совет на општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, оддадоа почит на паднатите жртви од Првата светска војна.
На пригодната церемонија присуствуваа Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер како и Амбасадорката на Сојузна Република Германија г-ѓа Петра Дрекслер.
На денешен ден се потсетуваме на загинатите, но исто така мораме да посочиме дека тие времиња се зад нас и дека денес треба да го одржуваме мирот кој што постои помеѓу нациите кои порано биле завојувани или спротивставени страни.
На Германските гробишта во Прилеп почиваат преку 1.700, пред се германски војници, од Првата светска војна.