Делегации предводени од Претседателката на Совет, Ирена Стерјовска Локвенец, денеска по повод 81 годишнината од смртта на еден од главните организатори на антифашистичкото движење и на НОБ во Македонија, Кузман Јосифоски Питу, положија свежо цвеќе пред неговата биста во средното општинско училиште кое го носи името на великанот во Прилеп, како и пред неговото спомен обележје и Могилата на непобедените.
Учениците во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ својот патрон празник го одбележа со богата програма, низа предавања, спортски натпревари, а ја посетија и спомен куќата на народниот херој. Оддавајќи ја својата почит кон историското наследство и делото на патронот, учениците и нивните професори ја истакнаа важноста на образованието во создавањето на иднината.