Во Прилеп одбележани 73 години од смртта на Кузман Јосифоски-Питу

_MG_7711

Делегација од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, претставници од СОУ „Кузман Јосифоски –Питу“,  претставници од политичките партии и група на граѓани денеска положија свежо цвеќе на Могилата на непобедените, Алеата на народните херои и пред споменикот на Кузман Јосифоски- Питу, одбележувајќи 73 години од смртта на познатиот македонски револуционер.

 

_MG_7649

 

Градоначалникот Ристески во изјава за медиумите истакна дека Прилеп и Македонија се горди што имаат таков великан, непоколеблив борец за идеите за независна и самостојна Македонија, кој бил мозокот и креаторот на антифашистичката револуција. И Кузман, и Ченто, и Пере и голем борој на борци, оставиле аманет да се чува  интегритетот и суверенитетот на Македонија она што не прави да бидеме вистински Македонци“.

_MG_7600

 

 

Кузман Јосифоски Питу е македонски револуционер. Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим.

_MG_7552

_MG_7496

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.