Во Прилеп невработени се 11.592 лица, а бројката не се променила во изминатите две години

Во Центарот за вработување во Прилеп, денеска беа потпишани договори за мерката „самовработување со грант“, со што 35 лица добија неповратни средства во висина од 5.000 евра, за отворање сопствен бизнис – објави порталот “Инфо Компас”.

Според Гордана Младеноска раководител на Центарот за вработување во Прилеп, главно се отвораат сопствени бизниси за занимањата кои се актуелни на пазарот.

Според Младеноска, се зголемува интересот за започнување сопствен бизнис, главно поради поволните услови.

Невработените 35 прилепчани кои решија да отворат свој бизнис и да ја бараат иднината во земјава сметаат дека ќе успеат на пазарот.

Во Прилеп инаку невработени се 11.592, од кои активни баратели на работа се 7.000. Овие бројки се исти последниве две години.

Целиот текст прочитајте го на “Инфо Компас”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.