Во далечната 1969 година на 15 декември во Прилеп од сезонски гpип биле заболени над 3.000 луѓе, пишува во исечокот од весник кој е објавен на популарната прилепска Фејсбук страна ““Прилеп стари фотографии”.
Поради ваквата состојба Општинското Собрание донело одлука да се распуштат учениците на 10 дена, а во тој период биле затворени и кината во градот.
Во тоа време Прилеп имал околу 46.000 жители. Бидејќи во оваа бројка од 3.000 заболени од грип не биле опфатени бројките од селските амбуланти, а се претпоставувало дека има и голем број граѓани кои не се пријавиле на лекар, бројот на заболени сигурно бил и многу поголем.