Во Прилеп за 12 години се асфалтираше патна мрежа во должина од над 200 км – инвестиција од 22 милиони евра (ФОТО)

BeFunky Collage

Патната мрежа во Општина Прилеп се состои од општински патишта и улици. Општински патишта се оние кои ги поврзуваат градот со населените места, кои го поврзуваат градот со државните патишта или вршат поврзување со туристички, спортско-рекреативни центри и културно-историски локалитети од локално значење.

Во Општина Прилеп како општински патишта се категоризирани 44 патни правци со вкупна должина повеќе од 210 км, додека градот Прилеп има улична мрежа со должина од околу 170 км. Ако на тоа се додаде и уличната мрежа во населените места, произлегува дека патна мрежа во Општината е со должина поголема од 500 км.

IMG_2743 - Copy

IMG_3308

IMG_5893

Само пред 10-тина години повеќе од 50 % од уличната мрежа во градот беше неасфалтирана. Во меѓувреме се асфалтирани многу улици во градот така што сега состојбата со уличната мрежа во градот е сосема поинаква. Од вкупната улична мрежа остануваат уште  околу 10 % неасфалтирани улици од кои  најголем дел се наоѓаат во населбите каде што се изведува проектот за реконструкција и проширување на канализационата мрежа во Прилеп.

IMG_0153

Во периодот од 2005 до 2016 година се асфалтирани се повеќе од 83 км улици во градот и населените места со вкупна површина од 450.000 м2 под асфалт.

Едни од покапиталните проекти кои се реализираа во овој временски период се изградбата на улицата „Александар Македонски“ од влезот во градот кај „Лук Оил“ па се до крстосницата  со улица „11-ти Октомври“, во должина од 1.800м се реконструира во булеварска улица со четири коловозни ленти, велосипедски патеки, двострани тротоари, дел со среден разделен појас и ново улично осветлување. Исто така во булеварска улица со среден разделен појас се реконструира и улицата „Октомвриска“ на потегот до кружниот тек кај „Прилепско поле“, а во завршна фаза е и реконструкцијата на улицата „Димо Наредникот“, делот од крстосница со улица „Бидимаш“ до градската река.

dimo narednikot (2)

????????????????????????????????????

Градот се здоби со уште четири нови крстосници со кружен тек на сообраќајот, крстосниците кај старата општина, кај хотел „Липа“ кај поштата и кај „Солидност“. Со тоа многу се зголеми безбедноста во сообраќајот на тие делови од градот, а воедно со тие решенија се смири сообраќајот на крстосниците и се зголеми пропусната моќ на истите.

Се асфалтираа, се реконструираа и се изведоа улици низ сите населби во градот, исто така се изведе комплетна подземна инфраструктура во индустриската зона „Прилеп1“ кај „Металец“ каде што и се асфалтираа 800 м улична мрежа, а се отпочна и со изведба на уличната мрежа но новата станбена населба „Градина“.

Во населените места  се асфалтираа улици во Големо и Мало Коњари, во ново Лагово, во Канатларци, во Селце, Галичани, Кадино село, во Мажучиште.

PRILEP-TOPOLCANI PO STARIOT PAT - 2016

MALO KONJARI - 2014

LENISTE PAT- 2015

KANATLARCI - 2013

KLEPAC - EREKOVSI - 2014

GOLEMO KONJARI 01 - 2014 GOLEMO KON JARI 01 - 2016

Изградбата на патна инфраструктура и брзиот транспорт на стоки и луѓе се едни од главните фактори за развој на една општина и нејзин економски просперитет и напредок. Токму затоа локалната самоуправа на Прилеп во последните 12 години посвети огромно внимание на изградба, реконструкција и рехабилитација на улици, општински и државни патишта. Прилеп во последната деценија доживеа вистинска ренесанса кога станува збор за изградбата на новa патна мрежа.

Само за пример, во 2005 година повеќе од 50 проценти од улиците во градот не беа асфалтирани, а за изградба пак на патишта до населените места не стануваше ниту збор. За овој период од 2005 до 2016 година изградени и асфалтирани се 13 општински патни правци до населените места :

  1. Пат до Големо Радобил, должина 4,5 км, инвестиција од 20 милиони денари
  1. Се изврши рехабилитација на патот до Канатларци, должина 5,8 км., инвестиција од 20 милиони денари
  1. Пат од Подмол до Лопатица, должина 3,3 км, инвестиција 14 милиони денари
  1. Пат Веселчани-Боротино, должина 1,6 км. инвестиција 7 милиони денари
  1. Се изгради пат до н.м. Бонче во должина 3 км., инвестиција од 16 милиони денари
  1. Н.м Штавица доби асфалтен пат во должина од 1 км. инвестиција 5 милиони денари
  2. Се инвестираа 12 милиони денари за патот до Дуње, во должина 3,1 км.
  1. Се асфалтираше патниот правец од Беровци до Галичани, во должина од 1,2 км, за што беа инвестирани 5 милиони денари
  1. Клепач – Ерековци, должина од 2,6 км., инвестиција од 16 милиони денари
  1. Алинци – Шелеверци, должина 2,4 км., инвестиција од 17 милиони денари
  1. За прв пат асфалтен пат се изгради и до „Маркова чешма“ во должина од 1.4 км. за што беа инвестирани 10 милиони денари
  1. Асфалтен пат доби и населеното место Волково, во должина 3.8 км, инвестиција од 24 милиони денари
  1. Асфалтен пат за прв пат во историјата доби и селото Манастир во Мариово во должина од околу 3 км, инвестиција од 16 милиони денари

Патни правци без изградени и до познајчаните манастирски комплекси кај нас, со што се придонесе за развој на т.н. манастирски туризам, кој токму поради патната инфраструктура секоја година во Прилеп носи илјадници туристи. За прв пат во историјата се изградија патишта до манастирите :

  • „Трескавец“, во должина од 7.5 км. инвестиција од 111 милиони денари
  • Се изгради пат до Манастирот „Св. Димитрија“ во н.м Селце, должина 2.2 км. за што беа инвестирани 9 милиони денари
  • Асфалтен пат доби и манастирот „Света Петка“, кај селото Лениште во должина од 1.2 км, инвестиција од 6.6 милиони денари
  • Исто така за прв во својата историја асфалтен пат доби и манастирскиот комплекс Св. „Преображение“ – Зрзе во должина 7.5 км. за чија изградба беа асфалтирани 1,6 милиони евра.

pat do treskavec

 

ОСВЕН ОПШТИНСКИ ПАТИШТА СЕ АСФАЛТИРАА И ПОВЕЌЕ МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА :

  • Патот А3 или Дреново-Плетвар, трета лента, во должина од 10 км. инвестиција од 273 милиони денари
  • Се асфалтираше патот Р1303 од Прилеп до Мажучиште, во должина од 10 км, инвестиција од 77 милиони денари
  • Прилеп-Големо Коњари или патот Р1306, во должина од 11 км. за што се инвестираа 70 милиони денари
  • Нов асфалт доби и патниот правец Ново Лагово-Кадино село или пат Р2339 во должина од 7 км., инвестиција од 45 милиони денари
  • Нов асфалт доби и клучката – Влез во Прилеп од страната за Битола кај хотел Салида, за што се инвестираа 2.850.000 денари
  • Во должина од 1,6 км. се санираше патот А1-Плетвар, за што се потрошија 6 милиони денари
  • Лани започна асфалтирањето и реконструкцијата на стариот пат за Битола, Р1 101, од Прилеп до Тополчани во должина од 4,3 км, за што се инвестираа 10.2 милиони денари

 

ЗА 12 ГОДИНИ ПРИЛЕП ДОБИ :

  • Вкупно асфалтирани улици во должина од 83 км. за што се инвестираа 9 милиони евра
  • Се асфалтираа вкупно 45 км. општински патишта, инвестиција од 5 милиони евра
  • Асфалт добија повеќе државни патишта во должина од 44 км, инвестиција од 8 милиони евра

ЗНАЧИ ЗА 12 ГОДИНИ ВО ПРИЛЕП СЕ АСФАЛТИРАШЕ ПАТНА МРЕЖА ВО ДОЛЖИНА ОД ОКОЛУ 200 КМ, ЗА ШТО БЕА ИНВЕСТИРАНИ  22 МИЛИОНИ ЕВРА. ОВА ДОСЕГА СЕ НЕМА СЛУЧЕНО ВО ЦЕЛОКУПНАТА ИСТОРИЈА НА ПОСТОЕЊЕТО НА ГРАДОТ.

 

Но, нема да застанеме тука, како и со сите други инвестиции во најразлични сфери од општественото живеење.

Лани започна, а годинава продолжи изградбата на капиталниот проект, експресниот пат Прилеп-Градско, чија должина ќе изнесува 33,5 км, а инвестицијата чини околу 80 милиони евра. Патот треба да биде изграден до 2019 година, а изградбата е поделена во три фази.

PRILEP-GRADSKO 01

Моментално интензивно се гради втората фаза од овој пат во должина од 10 км. која се протега од селото Фариш до Дреновската клисура, делница која чини околу 31,8 милиони евра. Изградбата се финансирана со кредит од ЕБОР.

Првата фаза пак е на потегот Градско – Росоман – клучка кај Кавадарци, во должина од 16 км, а инвестиција од  31,4 милиони евра. Изградбата е планирано е да биде финансирана од ИПА 2 фондовите и се планира да започне во текот на оваа година. Изградбата според планот треба да трае 24 месеци.

Третата фаза е проширување на патот во делот на Тројаци – Плетвар и влезот во Прилеп во должина од 7,5 км, проценетата вредност за градба е 5,7 милиони евра. Изградбата на оваа фаза ќе биде финансирана од Буџетот на ЈПДП, а се очекува распишување на повик за градежни работи исто така во текот на оваа година.

Во текот на 2017 година се планирани повеќе градежни активности на уличната мрежа во општината, како и тековно одржување на истата.

  • Се планира изградба на улицата ,,Кеј 1-ви Мај“, после извршената постапка за експропријација, која е во тек на делот од крстосница со ул. „Кузман Јосифоски“, кај старата автобуска станица, па се до вкрстување со улица „Андон Слабејко“, кај железничкиот мост.

KRUZEN DEN NOK

  • Ќе се реконструира дел од улица „11-ти Октомври“ и доградба на мостот на градска река за кружен тек, кај „Табана“. Техничката документација комплет со одобрение за градба е завршена, проектот е аплициран во програмата на Светска банка за подобрување на општинските услуги и по обезбедувањето на финансиски средства се планира да се отпочне со реализација.
  • Се планира реконструкција на повеќе улици во градот и населените места согласно програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп, како и изведба и реконструкција на тротоари на улиците.
  • Во индустриската зона ,,Прилеп 1“ како и во новата станбена населба ,,Градина“ ќе се продолжи со реализација на изведбата на уличната мрежа
  • Во тек е изработка на техничка документација за реконструкција на Булеварот ,,Гоце Делчев“ од крстосница со улица „Прилески бранители“ ( Кај градска кафеана ) до крстосница со улица „Кузман Јосифоски“ ( Тинекс ), а се проектира и улица ,,Победа“ зад типската населба, која после добивање на одобрение за градба се планира и да се реализира, воедно се планираат и проекти за мостови над градска река на улиците ,,Трајко Николоски“ и ,,Победа“ како и пешачки мост во правец на улица ,,Орде Тутески“ кај музичкото училиште.

Rekonstrukcija na bulevar Goce Delcev_02

Општина Прилеп и понатаму со несмалено темпо, ќе продолжи и понатаму да инвестира во овој сектор, како во градот така и во сите населени места на територијата на нашата Општина.

UL. VELKO JANKULOSKI - 2016

TROTOARI LENIN - 2016

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

 

BRAKJA NUNESKI - 2016

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.