Во Прилеп започна турнирот во мал фудбал „Св. Никола 2016„

_mg_5358

Во организација  Општина Прилеп  и ОФС Прилеп, со поддршка на компанијата „Комфи Ангел„  синоќа започна традиционалниот турнир во мал фудбал „Св. Никола 2016„ – Прилеп, кој се оддржува по седми пат во чест на големиот христијански празник  „Св. Никола“, патрон на градот Прилеп.  Турнирот ќе тре до 28 декември,а натпреварите се одигруваа  во спортската  сала „Арена Сонце“. На овогодишниот светиниколски турнир во мал фудбал  екипите се поделени во осум групи.

_mg_5343

_mg_5340

_mg_5419

_mg_5414

_mg_5402

Покрај екипи од Прилеп,  пријавени се и екипи од Скопје, Велес, Македонски Брод, Кичево,… кои ќе се натпреваруваат во пионерска и сениорска конкуренција, како и шест екипи на ветерани, во кои учествуваат фудбалери со возрасна категорија над 42 години.

_mg_5379

_mg_5395

Квалитетен мал фудбал, кој ќе првилече голем број посетители, се очекува да приредат  37 – те  екипи во сениорска конкуренциа, каде  учествуваат и познати фудбалски имиња од ФК Победа, ФК Вардар, ФК Пелистер… а во рамките на пионерската категорија учествуваат 24  екипи..

_mg_5330

_mg_5320

_mg_5302

Турнирот  во мал фудбал „Св. Никола 2016„ –  Прилеп, има награден фонд од 300.000 денари, за освоено прво второ и трето место. Генерален спонзор на турнирот, и овој пат, е Прилепска Пиварница  со својот  актуелен безалкохолен пијалак „Пепси„

_mg_5298

_mg_5284

_mg_5280

_mg_5277




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.