Во Прилеп донесени околу 9.000 решенија за легализација на диво изградени објекти

Денеска во Прилеп беа доделени нови 60 решенија за легализација на диво изградени објекти. Со тоа вкупната бројка на легализирани диво изградени објекти се искачи на околу 9.000, со што Прилеп е лидер на ниво на Македонија. Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.100 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп одговорила на дури на 9.000, со што ефикасноста на проектот засега е над 60%.

_mg_4620

„Бројката на легализирани диво изградени објекти е околу 9.000, а со наредното доделување најверојатно ќе се надмине бројката од 9.000 решенија, Интензивно работиме, но во моментов имаме поголем број на барања во однос на можноста да се реализираат. Ова се должи пред се на нашиот менталитет во последниот месец, во последните рокови, да се донесуваат елаборатите. Така што ја користам оваа прилика уште еднаш да напоменам за тие кои што незнаат дека до крајот на декември треба да се донесат елаборатите за тие кои ги поднеле барањата во 2011 година. За тие граѓани кои ги донесле документите во 2016 година, во продолжениот рок, за нив како краен рок за поднесување на елаборатите е крајот на 2017 година“, истакна Илија Карески, сектор за урбанизам во општина Прилеп.

_mg_4615

За граѓаните пак ова е одлична прилика да го легализираат својот бесправно изграден имот и да добијат документ за негово поседување. Проектот е во директна корист на граѓаните кои се мошне задоволни од спроведувањето.

_mg_4612




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.