Салата на ЦК „Марко Цепенков“ беше претесна да ги собере сите гости кои беа дел од свечената седница по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. Во присуство на Претседателот на Совет, советниците, пратениците во собранието на РМ, градоначалникот Марјан Ристески и пред голем број на фамилии, добитници на наградите и граѓани, свечено беа доделени наградите и признанијата – 3-ти Ноември.
Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделија на: ,,ВАСИДОРА” ДООЕЛ–Прилеп, СОУ,,Орде Чопела“, Радио Холидеј, ООУ „Кирил и Методиј“ од н.м Канатларци, ,,ФУТУРА”, Здруженија на прилепски пранители (Здружение ,,Прилепски Бранители”, Здружение ,,Карпалак”, Здружение на ,,Резервни воени старешини”-Прилеп), „Младински Совет“, „ТРИО-95” ДОО-Прилеп и Народна техника.
Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделија на: Цветан Беличански, Илија Нестороски, Горанчо Котески, Дарко Штаргоски, Мери Мирческа, Александар Тодороски-Цандарот, Каролина Мицеска, Миле Јованоски, Дарко Неданоски и Славе Димоски.
Наградата за животно дело по повод З-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, се додели на Ѓорѓија Џорџ – Атанасоски за неговиот придонес во општествено-политичкиот, економскиот и културниот развој на Прилеп.
Оваа година се навршија точно 72 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за македонската престолнина и за градот Прилеп – 3-ти Ноември.