Во Прилеп доделени нови 60-тина решенија за легализирање на дивоградбите

Традиционално на крајот на неделата во Прилеп се доделуваат решенија за легализација на диво изградените објекти. Денеска беа поделени 60-тина нови решенија, со што бројката на вкупно легализирани објекти во Прилеп се искачи на околу 9.000. Инаку Прилеп е лидер во Македонија во спроведувањето на ова законско решение за легализирање на дивоградбите.

_MG_4323

„Со истиот континуитет службите на локалната самоуправа заедно со приватните и државниот катастар ќе продолжат да работат и во иднина во интерес на граѓаните. Мислам дека колку што е поголем интересот на граѓаните да ги средат сите документи толку побрзо ние ќе ги реализираме нивните предмети. Затоа ова нека биде еден повик што побрзо граѓаните да ги средат елаборатите, да го извршат уплаќањето, а тоа е минимално едно евро од квадрат, и потоа да можеме ние да ги легализираме нивните објекти. Ова е еден од најубавите закони што било која Влада ги има донесено, затоа што се исправа една голема неправда, тука има луѓе кои после цели 40 па дури и 50 години ги легализираат своите објекти“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_4293

Опфатени се барањата на граѓаните поднесени во 2011 година како и дел од барањата кои се однесуваат на 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања, а во 2016 година 3.077 барања.

_MG_4299

Над 60% беше реализацијата на проектот во 2016 година кога во декември истече крајниот рок за поднесување на елаборатите за барањата поднесени во 2011 година, како едни од најглавните документи за решавањето на овие предмети. Краен рок пак за поднесувањето на елаборатите за барањата поднесени во 2016 година е крајот на 2017 година.

_MG_4281

До крајот на законскиот рок се очекува реализацијата на проектот да биде околу 80 % и да бидат решени околу 14.800 барања на граѓаните. Успешната реализација на овој проект се должи пред се на добрата организација на секторот за урбанизам во Општина Прилеп и брзата изработка на елаборатите од страна на приватните катастри.

_MG_4338




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.