Нови 60 решенија за легализација на дивоизградени објекти денеска се доделени во општина Прилеп.
Решенијата ги врачи градоначалникот Марјан Ристески кој како што посочи, општина Прилеп останува да биде лидер во легализирани објекти, а до сите граѓани апелира да се обраќаат до надлежните служби во општината доколку сакаат да градат нов објект.
Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.077 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп одговорила на дури на 9.000, со што ефикасноста на проектот засега е над 60%. Краен рок за поднесување на елаборати во продолжениот рок од 2015/2016 година е крајот на 2017-та година, а крајниот рок за сите комплетирани барања за доработување е 2021 година.