Денеска во населеното место Канатларци прилепско, беше поставен камен темелник за нов црковен храм кој ќе го носи името на Пресвета Богородица.
Идејата за изградба на овој свет храм е на иницијативниот одбор во состав: Отец Јове, Николче Ивановски, Трене Тренески, Сашо Крстески, Даме Иваноски, Зоран Тренески, Васко Нечовски, Милан Трајковски, Никола Спасески и Петко Гачески.
Божествената литургија за осветување на храмот ја водеше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
На осветувањето присутни беа и граѓани од муслиманска вероисповест, што повторно говори за соживотот и почитувањето помеѓу населението во оваа мултиетничка средина.