Во прилепската касарна одбележан “Денот на артилерискиот баталјон”

_MG_7851

Со пригодна свеченост денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше одбележан 10 април – Денот на артилерискиот баталјон. Имено во 1992 година со указ на тогашниот Претседател на Р. Македонија на денешен ден токму тука во касарната „Мирче Ацев“ е формиран мешовитиот артилериски полк, како прва артилериска единица во АРМ, во која секоја година се се обучуваат по 4 генерации на регрути од родот артилерија.

_MG_7839

Со новата формациска поставеност на АРМ овој баталјон од 2013 година повторно е пренесен и вратен во оваа касарна. Обуката на баталјонот се изведува согласно тактиките, техниките, и процедурите на земјите членки на НАТО.

_MG_7905

_MG_7936

_MG_7888

„Една батерија од овој баталјон е во состав на СПГБ, единица декларирана во базенот на сили според концептот на оперативни способности, односно НАТО програма за оценување на интероперабилноста и б/г на единици кои доаѓаат од земји партнети на НАТО. Истата успешно го помина циклусот на оценување и беше оценета со највисоки оценки. Останува оваа година во месец октомври да се изврши ресертифицирање на оваа единица според НАТО стандардите и истата да биде подготвена за учество во операции предводени од НАТО. Артилерискиот баталјон е моќна формација, чија мисија е огнена поддршка на единиците 1 МПБР.

_MG_7936

_MG_7951

_MG_7978

Покрај својата основна мисија припадниците на баталјонот се вклучени и во голем број на хуманитарни активности, активности за справување со елементарни непогоди и слично. Неможеме, а да не го споменеме тука еден од најголемите предизвици што во периодот помеѓу двата празника ги имаше нашата држава, а тоа е справување со мигрантската криза. Секојдневно персоналот на оваа единица заедно со останатите единици стоеше цврсто и будно на нашата јужна граница и ја гарантираше безбесноста на нашите граѓани“, изјави потполковник Ивица Цветковски, командант на артилериски баталјон.

_MG_8004

_MG_8005

_MG_8007

На манифестацијата беше истакнато и тоа дека народот има огромна доверба во АРМ и дека тие со својот професионализам гарантираат дека можат да се справат со било кој предизвик кој ја загрозува безбедноста на граѓаните и нивниот имот.

На свеченоста присустваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој на присутните им го честиташе денешниот празник.

_MG_8053

_MG_8096

„Им го честитам на сите припадници на АРМ овој голем ден, им посакувам многу здравје, среќа и да имаат успешни години како што имаа и во претходниот период. Оваа касарна многу значи за нашиот град, значи пред се од безбедносен аспект, потоа значи бидејќи заедно со АРМ сме организирале голем број хуманитарни акции, како што беа големите поплави пред 2 години. АРМ беше таа која најмногу тогаш се бореше со таа катастрофа и помагаше на населението. Соработката со АРМ и локалната самоуправа на Прилеп е на доста високо ниво, освен хуманитарни акции сме организирале и еколошки акции, спортски манифестации и други настани. Сакам да напоменам дека касарната има големо значење и од економски аспект за Прилеп. Тука имаме сместено околу 400 војници, кои се платена војска и тоа значи многу за локалната економија, бидејќи поголем дел од овие луѓе живеат тука“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Денеска на најдобрите војници им беа доделени награди и признанија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.