Во прилепската касарна “Мирче Ацев”, одбележан Денот на артилерискиот баталјон – именуван и нов командант (ФОТО)

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, денеска припадниците на Артилерискиот баталјон го одбележаа Денот на единицата.

Со одлука на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, 10. Април е одреден за Ден на артилерискиот баталјон како датум на кој е формирана првата артилериска единица во самостојна Македонија.

Во рамките на свеченоста, искрени честитки беа упатени на досегашниот командант, потполковник Славчо Кузманоски, кој по пет години успешно раководење го предаде командувањето на баталјонот. Неговиот професионализам и посветеност, како и плодната соработка со локалната самоуправа, беа нагласени како клучни фактори за напредокот на баталјонот и стабилноста на безбедносниот систем на земјата.

На свеченоста присутни беа градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец.

-Во мое лично име и во име на Општина Прилеп, упатувам искрени честитки по повод одбележувањето на 10 Април – Денот на артилерискиот баталјон. Посебна благодарност и признание упатувам до досегашниот командант, потполковник Славчо Кузманоски, за неговото посветено и професионално раководење, како и за искрената и плодна соработка со локалната самоуправа. Ви посакувам многу успех, здравје и нови достигнувања на секое поле во понатамошната кариера. Воедно, упатувам најсрдечни честитки и добредојде до новиот командант, потполковник Сашко Палески. Убеден сум дека со својот капацитет и визија ќе продолжи со успешно водење на баталјонот и со продлабочување на соработката со нашата заедница – напиша Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.