Од прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај – Златна рака” информираат, дека одработен е и последниот тренинг од клубските припреми кои се одржаа во Прилеп, а на гости на прилепчани им беа и од боречкиот клуб “Качаник” од Косово, предводени од тренерот Ферат Рамадани.
-Во последните 4 денови двата боречкиот клуба одработија 10 заеднички тренинзи, а во пресрет на заминувањето на нашите борачки Ангела и Тамара на Европското првенство во Капосвар, Унгарија – стои во соопштението од прилепскиот боречки клуб.
Тренерот и селектор, Илчо Маркоски, ни изјави дека девојките се 100% подготвени во пресрет на Европското првенство.
-Се надеваме дека нашите девојки ќе го покажат македонското борење во најдобро светло, а нас ни останува да веруваме во нив и да им посакаме среќа и успешен настап. Се’ за МАКЕДОНИЈА – истакна Маркоски.