Во организација на Др. Зероски и покровителство на “Лајонс клуб” од Прилеп и “Кафе Чоше”, на 09.09.2024г. во Прилеп, на платото пред Градскиот Саат, по втор пат ќе се одржи хуманитарен концерт.
Настапуваат: Теди и Рубин, Филип Николоски, Вито Славевски, Ѓоко Ѓорчев, Сашо Башески и децата од фестивалот “Весели ѕвончиња”.
Прилепчани ќе можат да се забавуваат и да донираат, а собраните средства како и минатата година и оваа ќе бидат донирани во центарот за деца со попреченост “Ѕуница” од Прилеп.