Иницијативниот одбор на Македонските тутунари повикува на протест пред Владата на 4 јануари 2021 година со почеток во 12 часот поради незадоволство од проценката на тутунот.
-Почитувани тутуно производители и земјоделци, ИО Македонски тутунари, повикува на протест пред Влада на Република Македонија на ден 04.01.2021 година со почеток од 12часот до 16часот. Да го искажиме нашето незадоволство од проценката на тутунот и сите други неправилности што се прават на наша штета оваа година. Ги повикуваме сите земјоделци да ни се придружат. Нема да има организирано провоз,секој кој е во можност нека ни даде подршка. Повикуваме на масовност, велат од ИО Македонски тутунари.
Oд ИО упатуваат и апел до бизнис заедницата да ги помогне:
ПОЧИТУВАНИ БИЗНИСМЕНИ И ДУЌАНЏИИ. ЗНАЕТЕ ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ТУТУНАРИ СЕ СООЧУВААТ СО ОГРОМНИ ТЕШКОТИИ И НЕПРАВДИ ПРИ ПРЕДАВАЊЕТО НА ТУТУНОТ. ВИЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА ТУТУНАРИТЕ СЕ И ВАШИ МУШТЕРИИ. КОЛКУ ПОБОГАТИ ТУТУНАРИ ТОЛКУ ПОДОБРА ЗАРАБОТУВАЧКА И ЗА ВАС И ОБРАТНО. ОВАА СПРЕГА Е ОД СЕКОГАШ. СЕГА КОГА ТУТУНАРИТЕ СЕ ДОВЕДЕНИ ДО ЕГЗИСТТЕНЦИЈАЛНА КРИЗА И МОРААТ ДА ПРОТЕСТИРААТ ПОТРЕБНА ИМ Е ВАШАТА ПОМОШ. АПЕЛИРАМЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ КАКО БИ СЕ ОЛЕСНИЛО ПАТУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ НА ЗАКАЖАНИОТ ПРОТЕСТ НА 04. 01. 2021 ( ПОНЕДЕЛНИК).. И ВО ВАШ ИНТЕРЕС Е ДА СЕ ИЗДЕЈСТВУВА ПОДОБРА ЦЕНА. ПОМАГАЈЌИ ГИ ТУТУНАРИТЕ СИ ПОМАГАТЕ И СЕБЕ СИ. СВОЈ ДОПРИНОС МОЖАТ ДА ДАДАТ И СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ТРАНСПОРТНИ ФИРМИ СО БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ. ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ВО ИМЕТО НА СИТЕ ТУТУНАРИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА НА СЕКАКОВ ВИД ПОМОШ.