„Сонатна вечер„ на пијано ќе одржи младата струмичанка Ивана Мазнејкова в понеделник од 19 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“. На програмата се композиции од Хајдн, Бетовен, Моцарт, Менделсон, Григ, Шуберт…
Ивана Мазнејкова е ученичка во СМУ „Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на проф. м-р Славчо Величков. Првите часови по пијано ги добива во Струмица од нејзините родители, професори по пијано.
Активен учесник е на мастер класови, а првиот јавен настап го имала на тригодишна возраст. Оттогаш досега има реализирано бројни концерти, настапувала на фестивали, натпревари низ Македонија и низ Европа. Добитник е на бројни награди, меѓу кои во 2020 – Плакета за покажан редок талент и исклучителен успех.