Во петок концерт на пијано на младите пијанисти Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески

На 20 декември 2019 /петок/ во 19.00 часот во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи пијано рецитал на двајцата млади пијанисти Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески.

Двајцата пијанисти се ученици во класата на Проф. Христина Никоска Тасеска од ОМУ “Одран Михајлоски-Оцка”- Прилеп.

Гостин на вечерта ќе биде Исидора Ангелеска/пијано.

Биографија за пијанистите

Анастасија Петреска е родена на 30.07.2006 година во Прилеп, Р. Македонија. Ученик е во основното општинско музичко училиште “Ордан Михајлоски – Оцкa” во Прилеп , осма година во класата на професор Христина Никоска Тасеска. Има земено учество на голем број државни и меѓународни натпревари по пијано и камерна музика и ги има освоено следните награди:

2015 година

-Прва награда за пијано на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ, Скопје.

2016 година

-Специјалана Прва награда за камерна музика дуо, пеење и пијано, на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ, Скопје; Прва награда за камерна музика на СЕДМИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА КАМЕРНА МУЗИКА ВО КАВАДАРЦИ; Прва награда за пијано на XX ТАКМИЧЕЊЕ МАЛИХ ПИЈАНИСТА , Врање, Р. Србијa; Втора награда за пијано на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ, Скопје.

2017 година

-Прва награда за пијано на XXI ТАКМИЧЕЊЕ МАЛИХ ПИЈАНИСТА, Врање, Р. Србија; Прва награда за пијано на ДЕСЕТИ МЕЏУНАРОДНИ МИЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ – Аранџеловац 2017, Р. Србија; Прва награда за пијано на СЕДМИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ , Гевгелија, 2017; Втора награда за клавир на ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ДАВОРИН ЈЕНКО, Белград, Р. Србија.

2018 година

-Прва награда за пијано на ULJUS -ПЕТТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА ПИЈАНО СМЕДЕРЕВО, Р. Србија; Прва нагрда за пијано на Интернационален натпревар МУЗИЧКО ПРОЛЕЧЕ , Смедеревска Паланка, Р. Србија; Прва награда за пијано на ОСМИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ, Гевгелија, 2018.

2019 година

-Специјална Прва награда на Државен натпревар 2019, Скопје; Прва награда на меѓународен натпревар за пијано АКОРДЕОН АРТ ПЛУС 2019, Сараево, Р. Босна и Херцеговина; Прва награда за пијано на ДЕВЕТТИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ, Гевгелија, 2019.

Анастасија Петреска поседува и Сертификати за активно учество на семинарите по пијано кај предавачите: д-р Ана Гацева, проф. м-р Јана Четелева-Белевска, Karl Andreas Kolly (Швајцарија) и учество на ДЕСЕТТИОТ ФЕСТИВАЛ на ученици по пијано од основните училишта во Македонија EPTA.MK – Europeanpianoteachersassociation.
Анастасија Петреска редовно учествува на новогодишните и годишните концерти, во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, оставајќи одличен впечаток пред публиката.

Арсениј Ангелески е роден на 9 јули 2005 година во Прилеп. Оваа година завршува осмо одделение во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп, а музичкото образование по пијано го стекнува во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп, во класата на професорката Христина Никоска – Тасеска.

Првиот успех го стекнува на 51-от државен натпревар на ученици и студенти во Скопје во 2013 година, освојувајќи Прва награда. Освен тоа, Арсениј има освоено:

* Лауреат на:

– Меѓународниот натпревар „Accordeon Art Plus“ во Сараево (БиХ) (2019).

* Специјални први награди на:

– Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје (2014, 2015) година; Меѓународниот музички фестивал „Охрид, те сакам!“ (2015); VII меѓународен натпревар на млади пијанисти во Гевгелија (2017); VIII меѓународен фестивал „Музичка пролет“ во Смедеревска Паланка, Србија (2018).

* Први награди на:

– Меѓународниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ во Охрид (2014); V и VIIмеѓународен натпревар за млади пијанисти „Мај – месец на музиката“во Врање (Србија), (2015, 2017); Фестивалот за млади музички и балетски таленти во Скопје (2015); IX меѓународен музички фестивал во Аранѓеловац, Србија (2016); VIIIмеѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци (2017); Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Србија (2017); XXI меѓународно натпреварување на млади пијанисти во Шабац, Србија (2017); Iмеѓународен натпревар за класична музика „ArtIn-Veles“ во Велес (2018); III меѓународен фестивал „Полихимниа“ во Скопје (2018); Меѓународниот натпревар „Интерфест“ во Битола (2018); Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје(2019);

Арсениј Ангелески поседува и Сертификати за активно учество на семинарите по пијано кај предавачите:д-р Ана Гацева, KarlAndreasKolly(Швајцарија) и RustamRahmedov (Турција). Во 2015 година учествуваше на Летниот музички семинар во Врање, Србија. Арсениј Ангелески редовно учествува на новогодишните и годишните концерти, во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, забележувајќи одлични настапи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.