На 31.10. 2025 (петок), во големата сала од НУЦК „Марко Цепенков“ со почеток од 18.30ч. целовечерен концерт ќе одржи “Октет Прилеп”. Гости се: Сашо Башески, Викторија Георгиoска, Дани Даниела. Ќе биде убава вечер со староградска музика, во која публиката ќе ужива.
Резервации на влезници на тел. 078/664 701
**************************************
Октетот Прилеп постои повеќе од 30 години и работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“. Со години ја негува староградската песна и учествува на многубројни фестивали низ Македонија.
Досега има издадено неколку албуми.
























