Во петок, гледајте ја “Стапица за глувци” во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Репертоар на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”

Петок, 1.03.2024 – 19.30 ч., гледајте ја претставата „СТАПИЦА ЗА ГЛУВЦИ“

Режија: Борис Василески
Драматург и превод: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
Костимографија: Марта Дојчиновска
Музика: Томе Темелкоски
Дизајн на плакат: Илина Василеска

*************************************

Играат:
МОЛИ РОЛСТОН – Сара Спиркоска
ЖИЛ РОЛСТОН – Илија Волчески
КРИСТОФЕР РЕН – Дарко Карбески
ГОСПОЃА БОЈЛ – Марија Спиркоска Илијеска
МАЈОРОТ МЕТКАФ – Александар Тодески
ГОСПОЃИЦА КЕЈСВЕЛ – Даниела Иваноска
ГОСПОДИН ПАРАВИЧИНИ – Михајло Миленкоски
ДЕТЕКТИВОТ – НАРЕДНИК ТРОТЕР – Димитар Ѓорѓиевски

****************************************************
Кога неправдата не се разрешува на задоволителен начин и кога злосторникот не ја добива соодветната казна, тогаш се раѓа желбата за одмазда. Токму оттука почнува оваа приказна, која ја испитува човековата перцепција на вистината.

Секој мисли дека неговата перспектива е правилната, но што е, всушност, вистината? Како се манипулира со човековите мисли и зошто е толку лесно човек да биде наведен да размислува во погрешна насока, да си направи приказна во главата и да поверува во неа? Сомнежот е фрлен врз секого и секој претставува потенцијална опасност, затоа што секој има своја скриена приказна. Претпоставките, едноставно, мора да бидат преиспитувани.

Пред вас поставуваме предизвик – да се обидете да откриете кој е убиецот и да дознаете дали вашите почетни сомнежи биле точни. Можеби и самите на крајот ќе се изненадите. Во секој случај, не откривате им кој е убиецот на оние кои не ја гледале претставата. Нека остане тајна!

Влезници и резервации на телефонскиот број: 076 442 378




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.