Во четвртиот петок од Великиот Воскресенски пост со почеток од 16 часот, во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Мало повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.
Потоа ќе се одржи и предавање од овогодишниот циклус на предавања на тема: “Божјата волја за нас – нејзиното спознавање и исполнување во животот” на кое ќе предава АРХИМАНДРИТ НИКОДИМ СОЛУНЧЕВ , од манастирот Успение на Пресвета Богородица – ТРЕСКАВЕЦ во просториите на административната зграда.
Воедно упатуваме и ПОКАНА до верниот народ на Прилеп со помасовно присуство на предавањето.
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!