Kонцерт со кој КИЦ Битола, ја заокружува летната културна сезона
Утре, среда, со почеток во 20.00 ч. на големото плато пред Офицерски дом – ќе се одржи концертот „Песни од срцата“, со врвните македонски оперски уметници Ана Дурловски и Игор Дурловски, придружувани од Камерениот оркестар „АЈГА“ под диригентска палка на Иван Еминовиќ.
Публиката ќе има единствена можност да ги проследи традиционалните македонски песни како; „Дејгиди, луди млади години“, „Разболела се Ленка Пингова“, „Што да правам, што да чинам“, „Си заљубив едно моме“, „Пајдушко“ и други во изведба на дуото Дурловски.
Влезот е слободен за сите посетители.