Во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп денеска се одбележа „Денот на јаболкото“. Одбележувањето е во рамки на кампањата „Здрава храна за детство без мана“. Преполни штандови со производи од јаболко, многу насмеани детски лица, дружење и забава, сето тоа беше споено во рамките на одбележувањето на „Денот на јаболкото“, кој се организира по петти пат во ООУ „Блаже Конески“. Собраните средства, од продажните штандови, ќе бидат наменети за потребите на училиштето во дополнително доопремување посочи, Марија Дулеска директорка на основното училиште.
Манифестацијата ја посети и градоначалникот Марјан Ристески, кој ја пофали креативноста на децата и вклученоста на наставниците и родителите, како и нивната поддршка во кампањата за здрава храна
Кампањата „Денот на јаболкото“ има за цел е да го поттикне интересот кај децата за здрава и правилна исхрана и е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во соработка со Министерството за образование и наука.
„Денот на јаболкото“ е еден од многуте јавни настани како дел од активноста Денови на овошките и зеленчуците од кампањата „Здрава храна за детство без мана“.