Тие се познати како упорни и лојални луѓе и воопшто не сме изненадени од резултатите од истражувањето што покажаа дека токму во овој знак се раѓаат најмногу милијардери.
Станува збор за хороскопскиот знак Вага!
Истражувањето кое беше спроведено утврди дека неверојатен број од дури 27 милијардери се родиле во тој хороскопски знак, а хороскопскиот знак Риби е на второто место по успех, со бројка од „само“ 22, пишува „ПинкВила“.
Во овој знак се родени великаните како Ралф Лорен, но и сопственичката на брендот за козметика „L’Oréal Paris“, Лилијан Батенкур, претседателот на „H&M“, Стефан Персон, наследничката на Волмарт, Алис Волтон и многу други.
Ако сте родени во овој знак, имате причина да се надевате дека еден ден ќе бидете запишани на листата на овие богати и успешни луѓе. Само треба да работите напорно.