Животот на Антарктикот не е лесен, особено ако земеме во предвид дека температурите се спуштаат и до -50 степени, па затоа некогаш жителите цели недели не излегуваат од дома.
Во селото Вила Лас Естерјас се наоѓа на Антарктикот, а се работи за истражувачка и воена база која е оддалечена од од првата поголема болница за 1000 километри. Луѓето овде може да се доселат доколку имаат оперирано “слепо црево”.
Тоа правило важи и за научниците и воените лица кои главно ја наслеуваат оваа база, но и за нивните семејства.
Во селото има неколку лекари, но никој од нив не е специјализиран хирург. Поради ова оние кои доаѓаат мора да бидат подготвени дека операции не може да се изведат на лице место, па се прилагодуваат на ваквите услови за живот.