Во оваа европска земја политичарите се возат во преполни автобуси и возови, немаат имунитет и високи плати

Ова можеби звучи чудно за луѓето кои живеат во други земји, но Шведска не им нуди луксуз или привилегии на своите политичари. Без официјални автомобили или приватни возачи, шведските министри и парламентарци патуваат во преполни автобуси и возови, исто како и граѓаните што ги претставуваат.

Без право на парламентарен имунитет, за нив може да се суди на суд како и секое друго лице. Без секретар на вратата, канцелариите на парламентарците се помали од 8 м2, пишува Бука Магазин.

„Јас сум тој што плаќа за политичарите“, вели Јоаким Холм, шведски државјанин. „И не гледам причина да им дадам луксузен живот“.

Политичарите кои се осмелуваат да трошат народни пари на такси, наместо да одат со воз, завршуваат на насловните страници на весниците. Дури и собранискиот спикер добива картичка за користење на јавен превоз.

Само премиерот има право на трајно користење на автомобилот и лично обезбедување.

ШВЕДСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРЦИ ЖИВЕАТ ВО МАЛИ СТАНОВИ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД, КАДЕ ШТО ЈА ПЕРАТ И ПЕГЛААТ СОПСТВЕНА ОБЛЕКА ВО ПРОСТОРИЈАТА ЗА ПЕРЕЊЕ. ОВА МОЖЕ ДА ИЗГЛЕДА СКРОМНО ЗА ВАКВИ ИСТАКНАТИ ЛУЃЕ, НО ВСУШНОСТ Е МНОГУ ПОДОБРО ОТКОЛКУ ШТО БЕШЕ ПОРАНО. ДО КРАЈОТ НА 1980-ТИТЕ, СИТЕ ПАРЛАМЕНТАРЦИ СПИЕЈА НА КАУЧОТ ВО НИВНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ.

Никој не заработува голема плата во јавниот живот: платата за членовите на Риксдаг (парламентот) е приближно двојно поголема од платата на наставник во основно училиште.

На општинско ниво, секоја желба за вработување во политиката може да се толкува како случај што бара психолошка проценка: затоа што шведските општински службеници, ниту заработуваат плата, ниту имаат право на канцеларија, а работат доброволно од дома.

Во Шведска е неразумно политичарите да се почитуваат како повисока каста, составена од дами и господа кои се пославни од просечниот граѓанин и затоа го заслужуваат божественото право на бенефиции и на привилегии.

Тоа е нација што ги третира своите владини претставници и политичките претставници како обични граѓани. Општество што ја укина употребата на формални заменки во 1960-тите и каде сите се нарекуваат „ти“. Затоа што, според шведскиот систем на вредности, никој не е над сите други.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.